„Добивме уверување дека нема да има поставувања на никакви нови услови за одржување на изборите на 5-ти јуни вклучувајќи го и законот за медиумите“, изјави доцна синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, став за кој претходно опозицијата се произнесе дека власта се плаши од фер соочување на изборите.
По изјавата на Груевски, Ричард Ховит, еден од тројцата европратеници во 01:49 часот на Твитер му одговори:
fYR #Macedonia talks. Note EU/US statement said ‘media reform still part of electoral process’ & ‘hard work if elections to be credible.’
— Richard Howitt MEP (@richardhowitt) February 24, 2016
„Имајте ја во предвид изјавата на ЕУ и САД дека “медиумските реформи се уште се дел од изборниот процес и потребна е напорна работа за изборите да бидат кредибилни“, напиша Ховит.