Во главниот град на Гана денеска се урнаа три ката од трговски центар.
Според првичните информации, засега има тројца починати и 200 затрупани луѓе, пренесе Би-би-си. Блиските на затрупаните се обидуваат да стапат во контакт со нив, додека работниците и медицинскиот персонал им даваат помош на спасените.
Очевидец изјави дека слушнал експлозија пред зградата да колабира.