„Рено Сеник 4 “ го откри своето ново лице

Од:

На Интернет се најде првата фотографија на новата генерација на моделот „Сеник“, што официјално  ќе биде претставен на 1 март, на авто-салонот во Женева.

Откако „Рено“ ја објави фотографијата на моделот „Меган караван“, откриен е уште еден автомобил од овој производител што својата светска премиера ќе ја има на женевскиот салон. Новиот „Сеник“ ќе има поатрактивен дизајн од претходникот, кај кого функционалноста имаше приоритет над изгледот.

Иако е темелен на новата генерација на моделот „Меган“, предниот дел на „Рени Сеник“ стилски повеќе потсетува на кросоверите на францускиот производител (Каптур, Кадар), додека дизајнерските корени треба да  се побараат во помалку заборавениот концепт „Ер Спејс“ од 2011 година.

Како  моделот „Каптур“, и „Сеник“ ќе има каросерија во две бои. На тој начин „Рено“ се обидува да привлече и помлади купувачи, но и на оние пробирливите да им понуди повеќе можности за индивидуализација.

Во меѓувреме, „Рено“  објави и официјални фотографии од новиот „Сеник“ (на кои е прикажан само предниот и страничниот дел на возилото).

Францускиот производител наведува дека при развојот на „Сеник 4“. сакал на купувачите да им понуди „комплетно нов, свеж поглед на компактниот МПВ сегмент“.

За првпат на еден „Сеник“ во понудата има панорамско ветробранско стакло, како онаа на моделот „Ерспејс“. Во споредба со претходникот, новиот модел има поголемо отстојание од тлото, додека пропустите во каросеријата пред предната и зад задната осовина се намалени.
Истовремено, зголемена е широчината на возилото кај тркалата.

Техничките детали (и фотографии на задниот дел на автомобилот и ентериерот) ќе бидат достапни на 1 март, кога ќе се одржи официјалната премиера на „Сеник 4“.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ