Десет најдобри намирници за деца

Од:

Следува листа на десет супер нармици за бебиња и деца.

1. Банани – Тие се одличен извор на енергија

2. Кељ – Тој е богат со железо и основни антиоксиданти, хранливи состојки кои се природна заштита од рак.

3. Морков – Тој е важен за растот, здравата кожа и заби. Свежиот морков има двојно поголема количина на витамини од варениот.

4. Риба – Рибата претставува важен извор на есенцијални омега 3 масла.

5. Млеко – Млекото содржи хранливи состојки кои им се потребни на бебињата за да растат. Децата и по првиот роденден треба да испијат најмалку 4,5 децилитри млеко дневно или еквивалент во млечните производи.

6. Сирење – Одличен избор за силни и здрави коски и заби. Ако се изеде по оброкот, тоа ја неутрализира киселината која предизвикува кариес.

7. Леб и житни култури (зрна) – Тие поседуваат висока содржина на влакнести материи и сложени јаглено-хидрати. Секогаш избирајте леб и пециво од интегрално брашно.

8. Јајца – Тие се богати со протеини, витамини и железо.

9. Месо – Помалку масното црвено месо е едно од најдобрите извори на железо. Исто така ова месо е богато со протеини и цинк – основни материи за раст, за процесот на оздравување, за зацелување на рани и за силен имунолошки систем.

10. Киви – Тие содржат двојно поголема количина витамин Ц од портокалите. Исто така тие се добар извор на калиум, билни влакна, витамини од Б групата, витамин Е и минерали. Се препорачува исклучиво по првиот роденден на бебето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска