ВИДЕО: Министрите и замениците од СДСМ поднесоа оставки

Од:

Министрите и дополнителните заменик-министри од СДСМ, поднесуваат оставки во Владата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција пред Владата.

Тој побара од Собранието денеска да ги констатира нивните оставки.

Одговарајќи на новинарско прашање, што ако Собранието донесе одлука да не се распушти и да ги одложи изборите, Спасовски рече дека оставките ги поднесуваат само ако има избори на 24 април, за што според СДСМ, но и според меѓународната заедница, нема услови.

– Согласно Договорот од Пржино Владата во којашто учествуваме се формираше за организирање фер и кредибилни избори откако ќе се исполнат сите точки од овој договор, рече Спасовски пред Владата на РМ.

– Без прочистен избирачки список и без реформи за слободни медиуми нема услови за регуларни кредибилни избори, истакна Спасовски и додаде дека СДСМ нема да ги алиментира „неслободните и недемократски избори коишто ги најавува ВМРО-ДПМНЕ“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни