Бразилската полиција нареди апсење на Жоао Сантана, шеф на тим за односи со јавност на претседателката Дилма Русеф.
Сантана и неговата сопруга Моника Моура се обвинети дека незаконски добиле три милиони долари од оф-шор фирми контролирани од Одебрехт – градежна компанија која е под истрага заради врски со државниот нафтен гигант Петробраз.
Претседателот на УО на Одебрехт, Марсело Одебрехт е приведени од јуни под обвинение за корупција и перење пари.
Апсењето на изборниот гуру на Русеф е дел од истрагата за корупција во Петробраз што почна пред две години, и во која се вмешани десетина високи политичари и биснисмени.