Со вчерашиот чин на игнонирање и неприсуство на Никола Груевски на средбата на партиските лидери, потписници на Договорот од Пржино со меѓународната заедница, го видовме неговото вистинско лице. По којзнае кој пат оваа персона го покажа сопственото недемократско и неодговорно однесување и направи обид за продлабочување на политичката и државната криза со цел за спас на сопствената веќе предвидлива иднина, оценуваат од движењето ФРОДЕМ.
„Заради спречување на овој обид ФРОДЕМ ги повикува сите граѓани, а пред се прогресивните сили во Собранието на Република Македонија од сите политички партии да вложат напори за создавање на ново парламентарно мнозинство. Новото парламентарно мнозинство до утре вечер ќе треба да ја суспендира неуставната, неделовничката и неетичката одлука за одложено распуштање на Собранието, да и изгласа недоверба на постојната влада и да изгласа нова техничка влада која ке ги спроведе изборите кои ќе бидат закажани во оној момент кога ке бидат исполнети сите неопходни услови за одржување на кредибилни и веродостојни избори.
Граѓаните на Република Македонија не смеат и понатаму да биде заложници на егоситичките и неодговорни партиски елити кои партијата и државата ја претворија во приватна сопственост. Затоа ФРОДЕМ ги повикува сите членови на ВМРО ДПМНЕ да не подлегнуваат на притисоците на партиската врхушка за учество во монструозни режирани сценарија за спас на туѓа кожа. Секој кој што е осомничен дека направил зло кон татковината и неговите граѓани, наместо да уценува сведоци носејќи ги преку подземни коридори и гаражи, треба да собре храброст и да се појави пред надлежните органи и да ја докаже својата невиност во професионална и непристрасна кривично правно постапка согласно Уставот и законите.
Членството и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ не смеат да дозволат да биде доведен во прашање кредибилитетот и дигнитетот на партијата, а државата да биде доведена на работ на опстанок заради заштита и одбрана на лични интереси. ВМРО ДПМНЕ не е Груевски или било кој член на врхушка. ВМРО ДПМНЕ е Македонија“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.