Европската комисија нема план Б доколку Велика Британина гласа за излегување од Европската унија, изјави еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московиси, јави БТА.
На прашање во интервјуто за телевизијата Франс 5 дали ЕУ планира нешто да прави доколку Британците гласаат за напуштање на Унијата на референдумот во јуни, Московиси одговори: „Не, не и не, нема план Б. Тоа на никаков начин не ни помогна да ги предвидиме негативните сценарија“.
– Денот кога ќе започнеме да зборува за план Б е денот, во кој веќе не веруваме во нашиот план А. Јас имам само еден план. Обединетото Кралство во обединета Европа, додаде тој.
Според него, ЕК нема да учествува во кампањата за референдумот, бидејќи такво мешање може да има само спротивен ефект.