Македонскиот ракометен првак Вардар дојде до нова, мошне тешко извојувана победа во Лигата на шампионите над Кристијанштад од 38-36 (21-19).
Дуелот го одбележа високиот број на погодоци, меч во кој Вардар влезе одлично, со предност од шест погодоци на стартот, но во продолжението до самиот крај стравуваше за победата.
Најефикасен во македонскиот првак беше Лука Циндриќ со 8 погодоци, еден повеќе од Горбок кој даде 7 гола.
Кај Кристијанштад по бројот на погодоци отскокнаа Кристијан Бјорсен и Иман Џамали кој дадоа по 7 гола.