Вон со рекорден осми кристален глобус во спуст

Од:

Американката Линдзи Вон го освои кристалниот глобус во најбрзата дисциплина од Светскиот скијачки куп. Таа на денешниот спуст беше втора и со освоените 80 бодови стана недостижна за конкурентките на една трка пред крајот.

Победничка во италијанскиот Ла Туиле беше домашната натпреварувачка Надија Фанкини со 14 стотинки подобро време од Вон, а третото место и припадна на нејзината сонародничка Даниела Мерингети со 72 стотинки заостанување.

Воедно за Вон ова беше 125-ти подиум, а осмиот освоен кристален глобус е нов рекорд или еден трофеј повеќе од досегашните седум кои ги има освоено легендарната Анемари Мозер-Прел.

Генерален пласман:

1. Линдси Вон (САД) 1.140 бода
2. Лара Гут (Швајцарија) 1.097
3. Викторија Ребенсбург (Германија) 878
4. Фрида Хансдотер (Шведска) 701
5. Тина Вајрајтер (Лихтенштајн) 659.

Пласман во спуст:

1. Линдси Вон (САД) 580 бода
2. Лариса Јуркив (Канада) 407
3. Корнелија Хутер (Австрија) 387
4. Фабијане Сутер (Швајцарија) 383
5. Лара Гут (Швајцарија) 374.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ