Иран планира да привлече странски инвестиции во износ од 45 милијарди долари

Од:

Иранскиот министер за економија и финансии Али Тајебнија изјави денеска дека неговата земја очекува странски инвестиции во износ од 45 милијарди долари, откако минатиот месец стапи во сила историскиот договор со големите светски сили за нуклеарната програма на Техеран.

Тој истакна дека очекувањата на Иран се само директнтите инвестиции да достигнат 15 милијарди долари во текот на новата година, која според иранскиот календар почнува од денеска.

Историскиот договор овозможи укинување на меѓународните санкции, откако ОН потврди дека Техеран ги исполнил сите обврски за ограничување на своите нуклеарни дејности според договорот, склучен минатата година.

Иран очекува економски пробив по укинувањето на санкциите, што ќе му обезбеди пристап до странски банкарски сметки и ќе му дозволи послободно да продава сурова нафта.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Нови цени на горивата

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол