Шпанските ракометари од тимот на Вардар во кампањата „ЕУ во Македонија“

Од:

 Во рамки на кампања „ЕУ во Македонија“ организирана од Секретаријатот за европски прашања денеска со младите македонски ракометни надежи искуства за животот во Шпанија споделија шпанските интернационалци кои се ангажирани во ракометниот тим на „Вардар“, тренерот Раул Гонзалес, помошник тренерот Дејвид Дејвис и играчите Алекс Душебаев и Хорхе Македа.

Нашите младинци ги интересираше кога започнале со тренирање ракомет шпанските репрезентативци, какви ученици биле во основно училиште, дали се занимавале со други спортови, колку се задоволни од условите за тренинг во Македонија. На скокотливи прашања како дали се поубави Македонките или Шпанките, добија дипломатски одговор. Имаше и прашања од типот која е разликата кога играат за клуб и кога настапуваат во дресот на шпанската реперезентација или што би работеле доколку не се занимаваа со спорт.

Запрашан што е потребно за да се биде врвен спортист Раул Гонзалес дециден – многу напорно тренирање, почитување на тренерот и на соиграчите. – Сите сакаме да победуваме, но тоа не е можно да се постигне секогаш. Важно е да се игра фокусирано со мислите и со срце за време на целиот натпревар – 60 минути. Многу е важно и што надвор од теренот во соблекувалната сите сме како едно семејство, вели Раул Гонзалес кој ги има сите симпатии на македонската јавност за неговото владеење на македонскиот јазик. 

Според Алекс Душебаев и Хорхе Македа, има многу сличности меѓу животот во Македонија и Шпанија бидејќи луѓето сакаат да одат на кафе, да се дружат. За нив дружењето надвор од теренот е исто така многу важна. 

Како домаќин на настанот вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими посочи дека членството во ЕУ не претставува само збир од закони, политичари и изјави, туку вредности и стил на живот, а оваа кампања има за цел токму тоа да ги доближи на македонската јавност вредностите, културата и стандардите во земјите членки на Унијата.

Шпанскиот амбасадор Рамос Абароа Каранза истакна дека Шпанија годинава одбележува 30 години од членството во ЕУ, а нема подобри претставници на земјата од шпанските ракометари како исклучително успешни спортисти, кои со нивниот ангажман во Македонија придонесуваат и за пријателството меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ