(ВИДЕО) Костадинов: Над 500.000 граѓани во Македонија живеат на работ на сиромаштијата

Од:

Криминалните политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кои во изминатите десет години го партизираа системот, ги обезвреднија институциите, ги задушија слободата и демократијата. Просечната плата за граѓаните во Македонија е на дното во споредба со платите во регионот. А пред десет години бевме лидери во регионот, изјави Костадин Костадинов од СДСМ.

– Над 500.000 граѓани во Македонија живеат на работ на сиромаштијата. Криминалните политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја руинираа државата, го партизираа системот, ги обезвреднија институциите, ги задушија слободата и демократијата. Десет години, Груевски, во името на народот, работи само за себе и фамилијата. Ниту пропагандата и лагите преку медиумските курири за наводен нагорен тренд на економијата не можат да ги покријат погубните економски политики. Реалноста е поинаква и поткрепена со факти. Од виртуелните политики за вработување и самовработување во Македонија имаме историски најголема невработеност на младите од над 50%, а 79% од нив би сакале да се иселат од Македонија. Егзистенцијата е главната причина за тоа – нагласи Костадинов.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ