(ВИДЕО) СДСМ: Одржувањето на рудниците ни од далеку не го решава проблемот на рударите

Од:

„Повеќе од 1.000 рудари останаа без работа откако рудниците за олово и цинк Добрево и Тораница, сопстственост на индиската компанија „Индоминерали и метали“, отидоа во стечај. 
 
Промашените економски политики и виртуелни проекти на Никола Груевски, криминалот и корупцијата во врвот на власта, ги бркаат странските инвеститори од Македонија.


 
Поранешниот премиер Никола Груевски ги остави рударите без никаква државна помош пред да се прогласи стечај. Исто и сега. ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за рударите коишто се на улица.
 
По вчерашната средба со Емил Димитриев, рударите не добија ниту една информација што ќе се случува со нив.
 
Финансирање на одржувањето на рудниците ни од далеку не го решава проблемот на рударите.
 
На целата мака што ја имат рударите, ВМРО-ДПМНЕ сега продолжува да ги лаже со предизборни манипулации дека наводно ќе им се решел проблемот. Кога, како, на кој начин никој не кажува.
 
Очигледно марионетата на Никола Груевски, Емил Димитриев, не знае воопшто во каква состојба се рудниците Тораница и Злетово.

Дали Димитриев знае колку се должничко доверителските долгови на оваа компанија по однос на неподмирени трошоци за струја, потрошни материјали, храна, горива, мазива, неподмирени плати и придонеси за рударите?
 
Ова е само уште една популистичка мерка за предизборна манипулација, свесни дека завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Рударите се револтирани и со право реагираат. Тие не сакаат времени решенија.
 
Ги повикуваме надлежните трајно да го решат статусот на рударите“, рече Даниела Велковска, координатор на Форумот на жени на ОО СДСМ Крива Паланка

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека владата на ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

Горан Наумовски

СДСМ го обвини Мицкоски: ЕК нотира системски притисоци врз правосудството

Горан Наумовски