Вардаровите јуниорки оптимистички ќе го пречекаат Карпати во дуелот од Челенџ Купот

Од:

Со многу оптимизам и самодоверба младите ракометарки на Вардар Јуниор го очекуваат дуелот од четвртфиналето во ЕХФ Челенџ купот против украинската екипа Карпати.

Самиот пласман на вардаровите јуниорки меѓу осумте најдобри претставува голем успех, но да се оди чекор подалеку претставува уште поголем предизвик, изјави тренерот Симе Симовски на денешната прес-конференција.

– Знаеме дека ќе биде многу тешко во дуелот со искусната украинска екипа која на убедлив начин стигна до четвртфиналето. Ние сме млад тим, желен за докажување и ќе сториме се да направиме исчекор повеќе од овој пласман во четвртфиналето. Овие млади ракометарки заслужуваат и поголема поддршка од гледачите, па затоа во оваа прилика ги повикувам да не бодрат од трибините, изјави тренерот Симовски.

Екипата се комплетира, веќе трет ден тренираат сите ракометарки кои беа повредени, со исклучок на Ангела Тодоровска за која сезоната е завршена. Сепак, ниту тоа не го нарушува духот на девојките.

– Атмосферата во екипата е одлична, ќе се залагаме максимално, ќе се бориме за секоја топка и ќе го оставиме срцето на терен за оваа млада екипа да постигне историски успех и да отиде што подалеку во Челинџ купоt, изјави капитенот Маја Трпковска.

Првиот натпревар од четвртфиналето меѓу Вардар Јуниор и Карпати ќе се одигра во понеделник (22 февруари) во СЦ „Јане Сандански“, со почеток од 18 часот и 30 минути.

Реваншот е закажан за 28 февруари во 17:00 во Ужхоро. Победникот од овој двомеч во полуфиналето ќе се соочи со подобриот од дуелот на турскиот Костамону и холандски Вирто.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска