Австрија почна со примена на дневните квоти за бегалци

Од:

Австриските власти денеска, според најавите,  почнаа со примена на дневните квоти за прифат и пропуштање на бегалците, на начин што од утринава во осум часот го применуваат новиот систем за управување со граничните премини, потврди Министерството за внатрешни работи на Австрија.

Како што пренесува Танјуг, граничните премини, како што беше најавено, од утре ќе бидат отворени од 6 до 22 часот.

Новото управување со граничните премини предвидува  максимална дневна квота од 80 молби за добивање азил, што е во просек пет молби на час.

Покрај тоа Владата одреди низ Австрија да се пропуштаат дневно максимално по 3.200 бегалци, кои планираат пропатување, односно барање азил во некоја друга земја на ЕУ.

Според проценките на Министерството за внатрешни работи, тоа значи дека ќе се пропуштаат до 200 бегалци на час, кои понатаму ќе го продолжат своето патување.

Кога контингентот ќе биде пополнет со баратели на азил и бегалци кои сакаат само да минат низ Австрија во намера да побараат заштита во некоја друга земја, на словенечката страна од границата ќе мораат да чекаат до следниот ден, односно до 6 часот наутро, кога границата повторно ќе се отвора.

Овој систем на управување со границата е воведен на јужната граница, кон Словенија, од каде во моментов, преку балканската рута бегалците доаѓаат.

Заради проценката дека  новиот систем би можел да ја пренасочи рутата, австриските власти најавија засилени контроли и на другите државни премини, со опцијата за кревање ограда, и примена на овој систем на управување.

Дневните квоти на Австрија наидоа на остра осуда од ЕУ, па така еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, и испрати писмо на австриската Влада во кое укажа дека Виена со ова ги прекршува законите на Унијата.

-Австрија спаѓа во најоптоварените земји чланки на  ЕУ и дојде до своите граници на издржливост, нагласи министерката за внатрешни работи на Австрија, Микл-Лајтнер, и додаде дека прашањето е како да се обезбедат сопствените граници се додека не се најде европско решение.

Таа истакна дека Австрија не може да го совлада истиот број бегалци како минатата година и дека воводените дневни ограничувања се само натамошен чекор кон запирање на бранот бегалци.

Во Австрија лани влегоа околу 700,000 мигранти, најчесто бегајќи од судирот во Сирија и Авганистан, а околу 90,000 поднесоа барање за азил во оваа земја. Повеќето,сепак, го продолжија патот кон Германија.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник