Европскиот шампион во автомобилизам Иџе на караван низ Македонија

Од:

Двократниот европски првак во автомобилизам Игор Иџе Стефановски го започна својот караван „Шампионот обединува насмевка, живот и едукација“ во Домот на културата во Прилеп. Иџе младите прилепчани ги посоветува околу безбедност во сообраќајот и ги мотивира да се занимаваат со спорт, да ја почитуваат фер играта, да бидат истрајни во тренинзите и  внимателни во сообраќајот.

Караванот на „летечкиот македонец“ е збогатен со оргиналното возило на шампионот, картинг и симулатор од неговата виртуелна тркачка академија „Стефановски“.

Стефановски посади и пет садници како свој допринос за почист воздух во градот Прилеп.

Како што информира „Стефановски Рејсинг Тим“, покрај Иџе, повеќе гости дале свој придонес на караванот, меѓу кои и наш сограѓанин со својата трогателна исповест за доживеана сообраќајна несреќа од која останал во инвалидска количка.

Караванот денеска во 12 часот ќе биде во спортската сала во Битола.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пандев, Лазаров и Стефановски веќе нема да рекламираат игри на среќа

Катерина Ѓуровски

Игор Стефановски-Иџе во партнерство со „Макпетрол“ до врвни резултати на европските авто-трки

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата

А1он

На патеката кон Пониква се возеше втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам

Ана Ололовска

Стефановски остана без пласман на денешната трка во Имола

Ана Ололовска