Николовски во Сопиште вети квалитетно здравство за сите

Од:

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик-министер за земјоделство, Љупчо Николовски, заедно со членот на Извршниот одбор Сања Лукаревска денеска ги посетија жителите на Сопиште, Долно Соње, Чифлик, Св. Петка, Држилово и Добри Дол, кои им се пожалија на се потешките услови за живот и изразија загриженост за сопствената и иднината на своите деца.

– Немаме работа, ниту пак добиваме некаква помош од државата. Се занимававме со производство на јајца, некои од нас со лозарство, со одгледување и на други култури, а денес мака мачиме да преживееме. Градоначалникот си шеташе тука со инспекторите и со прст посочуваше на кого да се пишуваат казни а на кого не. Зарем вака треба да функционираат органите во оваа држава? Го покрадоа народот, си ги наполнија џебовите, за нас баш им е гајле! Потрошија милиони за споменици, а во цела општина Сопиште има само една амбуланта за 13 населени места – се пожалија жителите на овој регион.

Николовски пред нив истакна дека веднаш по промената на власта СДСМ ќе ги зголеми субвенциите на 160 милиони евра, ќе обезбеди пониски производни трошоци преку поевтини и поквалитетни репроматеријали.

– Државата ќе доделува неповратни средства за отварање на нови погони, и најважно од се сигурност во производството, производителите редовно да се исплаќаат. Ветуваме отчетност и одговорност, правдата мора да биде достапна до сите. Потрошија 630 милиони евра на споменици, а со 20 милиони евра можеа да направат 80 нови, целосно опремени амбуланти за ваквите населени места како вашето. СДСМ има системски решенија за создавање на вистинско јавно здравство, со бесплатно лекување за сите и ослободување од партиципација – рече Николовски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ