(ВИДЕО) Заев: На 24-ти април не може да има избори, тоа е јасно за сите

Од:

Сакам да изразам задоволство, од взаемниот ангажман на СДСМ и партијата БЕСА, за едни вакви средби коишто секако во овие случувања од интерес на јавноста се многу значајни во период кадешто буквално се носат многу значајни одлуки за нашата земја. Секако разговаравме и уште еднаш ги повторивме ставовите зошто на 24 април, не може и не треба да има избори. Тоа е веќе апсолвирано прашање во јавноста, рече Зоран Заев.

Но, сепак, додава тој, ги повторивме сите овие причини услови за фер и демократски избори, очигледно е дека нема, тоа е премногу јасно. Ги очекуваме сите, утре и заклучоците соопштени од меѓународната заедница, согласно кои ќе дадат и прецизни упатства за понатаму.

Нашите ставови се јасно прецизирани во секој аспект. Разговаравме на сите значајни теми, меѓу кои економијата, меѓуетничкиот соживот во државата, иднината на Македонија, загриженоста за младите, за миграцијата која се случува во државата којашто буквално ги тангираат сите етнички заедници во нашата земја. Прашањата од заеднички интерес навистина се преголеми, вели претседателот на СДСМ.

Но, секако една работа не спојува сите, промената на власта мора да се случи. Промените се здрави. Секако тоа значи во иднина ваквите комуникации, можните соработки да бидат исправени пред сите нас, но, во секој случај за моментот којшто постоиме како опозициони партии сме овде да разговараме и секојдневно да ја информираме јавноста за нашите ставови, додава Заев.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа