СДСМ: Младите не му веруваат на Груевски, јавноста очекува одговори за злосторничкото здружување

Од:

„Груевски шест дена молчи за неговата улога во злосторничкото здружување. Злосторничко здружување на високи претставници на партијата на власт само за да задржат локална и централна власт е сериозно сомневање и затоа Груевски мора да се изјасни дали тоа е правено по негов налог?

Никола Груевски треба да му биде јасно дека со молчење и бегање нема да се спаси од одговорност.

После 10 години тотална негрижа за младите, апсурдни се најавите за наводни проекти за млади. Младите не му веруваат на Никола Груевски.

Најголемиот проект на Никола Груевски и фамилијата во овие 10 години е масовниот егзодус на младите од Македонија.

Груевски ќе биде запаметен во поновата македонска историја како лажниот патриот кој избрка 626.312 граѓани од Македонија, пред се млади, образовани луѓе.

Младите многу добро го знаат Никола Груевски и неговите проекти за време на неговото владеење.

Никола Груевски е човекот кој потроши 630 милиони евра, пари на граѓаните за споменции во Скопје, а не изгради ниту еден студентски дом во Македонија.

Никола Груевски е човекот кој потроши 20 милиони евра за медиумска пропаганда а не направи ништо за да се справи со рекордната младинска невработеност во Македонија. Напротив, Груевски и фамилијата со криминалниот начин на владеење ја создадоа ваквата состојба во Македонија.

Никола Груевски е човекот кој ги задолжи граѓаните, нивните деца и внуци.

Заврши времето на Никола Груевски. Завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Шуто Оризари, Илинден, Кочани и Долнени

Скопјани се трујат од отровен чад и канцерогени честички поради горење на депониите Дрисла и Вардариште, велат од СДСМ

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски