(ВИДЕО) Симоновски: Руинираната амбуланта во Ѓорче сведок на хаосот во здравството

Од:

 
Оваа ужасна слика реално го отсликува срушениот здравствен систем во Македонија. Оваа амбуланта е руинирана, граѓаните не добиваат квалитетни здравствени услуги, лекарите немаат основни услови за работа. Руинираната амбуланта изградена по земјотресот е сопственост на Министерството за здравство. За тоа колку Министерот има вложено во овој објект може да посведочите од овие фотографии, вели Горан Симоновски, секретар на ОО СДСМ Ѓорче Петров.


 
Лекарите работат во нехумани, нечовeчки услови и се под постојан страв по нивната безбедност. 
 
Ваквите услови се само една од причините зошто дури 200 лекари годишно заминуваат од земјава. 

Покрај тоа што оваа амбуланта треба да ги задоволи капацитетите на жителите од Ѓорче Петров, ова е и единствената здравствена установа која треба да ја покрие и Општина Сарај. Сарај ја сочинуваат 34 села и околу 40.000 жители а селото кое е најоддалечено од овде е на цели 30 километри. 
 
Пред само неколку години оваа амбуланта имаше советувалиште со вакцинален пункт за бебиња и деца со педијатар, којшто сега веќе го нема. Имаше школска превентива и систематски преглед со специјалист по школска медицина, и тааповеќе ја нема. Сега децата ги вакцинираат општи доктори, но не повеќе во овие простории. 
 
Ова е реалноста на здравството во Македонија и зошто земјава се наоѓа на последно место во Европа по здравствени услуги.
 
За Никола Груевски здравјето на граѓаните не е важно, за него се важни само тендрите и  провизиите од споменици тешки 630 милиони евра. 
 
Со 630 милиони евра за споменици ќе се решеа сите проблеми во здравството.
 
Корупцијата и криминалот на власта во заминување е на дирекнта штета на здравјето на граѓаните.
 
Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните, ќе ги промени приоритетите и парите ќе ги насочи кон решавање на проблемите во здравството, во интерес на граѓаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола не работи, Божиновска и ДПМНЕ се неспособни да менаџираат со енергетскиот систем

СДСМ: Божиновска да поднесе оставка, премногу скандали и лаги и сервираше на јавноста

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на автопатот Кичево – Охрид, СДС и ДУИ ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Божиновска ги излажа граѓаните за бугарското државјанство и пасош

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

СДСМ: Уште чекаме одговор од Мицкоски за собраниска седница за европската интеграција