А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Власта гласаше за „напумпаниот“ буџет на Регулаторната комисија

by А1он07/11/2012 - 13:0907/11/2012 - 13:10203
Share0

Власта едвај успеа да обезбеди кворум и даде зелено светло за одлуката  за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2013 година, и за  финансискиот  план на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2013 година.

Добивај вести на вибер

Опозицијата која жестоко ја критикуваше Регулаторната комисија, особено нејзиниот претседател не влезе во салата. Се спротивстваија на зголемените трошоци за работа на комисијата, за предвидените нови, како што велат вработувања на партиски војници, за зголемување на платите на регулаторите. Со ова укажаа дека претседателот ќе има поголема плата и од Претседателот на република Македонија.

Опозицијата  прашуваше  како новите вработувања ќе придонесат за намалување на цената на бензините, струјата и парното, што ќе биде од интерес за граѓаните..

Го обвинија претседателот на Регулаторната комисија за енергетика  Петров дека  е слеп послушник на владата за вработување партиски луѓе и ги штити интересите на поединци во енергетските компании при утврдувањето на цената на енергенсите.

regulatornasobranie

Би можело да ве интересира

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, реагира Клубот на пратенички

Горан Наумовски18/09/2025 - 12:55

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Горан Наумовски05/09/2025 - 13:29

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски05/09/2025 - 10:4205/09/2025 - 10:58

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

Горан Наумовски26/08/2025 - 12:25

13 кандидати за претседател на ДКСК

Горан Наумовски18/08/2025 - 14:48

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски16/08/2025 - 13:4016/08/2025 - 13:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен