Србија ќе ги враќа имигрантите во земјите од каде што пристигнале

Од:

Хрватска во Србија врати 217 економски имиграти и тие по сите договори и процедури ќе бидат вратени во земјите од кои пристигнале во Србија, изјави денеска шефицата на Бирото за соработка со медиумите при српското Министерство за внатрешни работи, Билјана Поповиќ-Ивковиќ.

– Станува збор за економски имигранти кои се вратени во Србија, а според сите договори и процедури на нашата земја со земјите во регионот, ние понатаму ќе ги враќаме во земјите од каде се дојдени, бидејќи не се работи за бегалци кои се од подрачјате каде се војува, изјави Поповиќ-Ивковиќ за Танјуг.

Таа истакна дека досега ниту еден економски имигрант не останал во Србија и дека тие по правило не бараат азил во земјата.

– Колку ќе влезат во Србија, според правилата толку и ќе излезат од земјата, нагласи Поповиќ-Ивковиќ.

Претставничката Канцеларијата на УНХЦР во Белград, Мирјана Миленковска за Танјуг изјави дека Хрватска ноќеска со воз во Србија вратила 217 имигранти, кои во моментов се наоѓаат во прифатниот центар во Шид.

Миленковска објасни дека тие воглавно се Авганистанци, Ирачани и мал број Сиријци.

Станува збор за луѓето кои за време на викендот Словенија ги вратила во Хрватска.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски