Игор Киров со Balkan Dance Project Vol 1 пред сараевската публика

Од:

Македонскиот танчер и кореограф Игор Киров ќе учествува на 32. меѓународен фестивал „Сараевска зима 2016“ што ќе се одржи на 6-ти март годинава во Сараевскиот воен театар.

Киров ќе настапи заедно со српскиот кореограф и солист на балетот на белградското Народно позориште Александар Илиќ. Тие ќе го изведат диптихот Balkan Dance Project Vol 1. составен од „Реминисценција“ и „Приказни“.

Balkan Dance Project Vol 1 беше премиерно одигран на 5 ноември 2015 година на сцената Раша Плаовиќ на Народно позориште, во организација на словечекиот фестивал Велење. По премирата следуваше балканска турнеја: Скопје, Штип, Велес, Кршко,…

Во претставата учествуваат Теодора Сујиќ, Мојца мајцен, Адријана Данчевска, Миона Петровиќ и Катарина Стојковиќ.

Balkan Dance Project-от го основаа Киров и балетската уметница од Словенија Мајцен, за да ги зближат уметниците од просторот на поранешна Југославија.

Меѓународниот фестивал „Сараевска зима 2016“ годинава се одржува под мотото „Душата на уметникот/душата на градот“.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска