Вчера попладне околу 15 часот, 36-годишен кумановец откако се нашол со сопругата на договорената средба, физички ја нападнал.
Со автомобил ја однел на местото „Бедински мост“, каде насилно ја извлекол од автомобилот и ја тепал. Потоа ја затворил во багажник и ја ослободил на истата улица каде се сретнале.
32-годишната кумановката побарала лекарска помош. Полицијата работи на расчистување на случајот.