Македонскиот тенисер Томислав Јотовски успеа да се пласира во второто коло во конкуренција на двојки на фјучрсот во Хамамет, Тунис.
Тој заедно со Русинот Алексеј Ватутин ги победија Бразилците Бруно Сантана и Талес Турини со 2:0 во сетови (6:4 и 7:5 во гемови). Во четвртфиналето ќе играат против Рикардо Бонадио (Италија) и Мариано Кестелбоим (Аргентина).
Јотовски во поединечна конкуренција не успеа да ги мине квалификациите. Тој доцна се пријави за настап на турнирот, па мораше да игра квалификации.
На истиот фјучрс во женска конкуренција ќе настапи и македонската тенсиерка Магдалена Стоилковска која успешно ги мина квалификациите и во првото коло ќе игра против Ани Вангелова од Бугарија.