Полицијата во Германија врши претрес на домови на лица поврзани со салафистичка група

Од:

Германската полиција изврши денеска во Бремен проверки во станови и бизнис канцеларии што се поврзани со забранета салафистичка група која е под истрага веќе неколку месеци, јави ДПА.

Во акцијата учествуваа околу 200 полицајци кои претресоа 12 станови и уште два објекта поврзани со Исламска организација на Бремен.

Таа организација се смета за наследник на друга салафистичка група забранета во 2014 година.

Сите организации кои ја користат таа идеологија во Германија се под надзор на службата за внатрешно разузнавање.

Почната е истрага за 10 од 44 луѓе кои биле на местата каде е извршен претрес. Според властите, 21 човек поврзани со забранетата во 2014 година организација положиле заклетва за верност на Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ