Во сезоната 2016/17 во регионалната кошаркарска АБА лига Србија ќе има еден претставник помалку, а тоа место ќе и припадне на Црна Гора.
Послаби резултати на српските тимови оваа сезона предизвикаа губење на едно место, додека Црна Гора, благодарение на одличната игра на Будуќност се избори за уште еден претставник.
Црна Гора моментално ја предводи листата со коефициент 15, Србија е втора со коефициент 13.50, трета е Хрватска со 13.33, следуваат Македонија и Босна и Херцеговина со 9, последна е Словенија со коефициент 8.67.
Коефициент се утврдува врз основа на збирот на победи на тимовите поделен со бројот на екипи.