Макета на Преспа низ очите на основците од целиот прекуграничен регион

Од:

Основците од целиот прекуграничен Преспа регион, преку симболична активност по повод Светскиот ден на водните живеалишта од 6 до 12 февруари изработија макети и го прикажаа како изгледа водното живеалиште низ нивните очи.

Езерата, реките, шумите, земјоделците, рибарите, овчарите, локалните култури, влажните ливади, рибите и добитокот, најдоа соодветно место во макетите на водните живеалишта на децата од основните училишта во трите земји од преспанскиот регион, уште еднаш потенцирајќи ги нераскинливите врски помеѓу човекот и природата во регионот.

Како што соопшти организаторот, децата од основните училишта во трите земји изработиле три макети, а активноста ќе се комплетира кога трите модели ќе се спојат, што ќе се случи оваа недела во основното училиште во Ресен.

Активноста е подготвена од страна на „ПреспаНет“ мрежа на невладини организации за заштита на животната средина по повод Светскиот ден на водните живеалишта 2 февруари. Креативниот пакет на прекуграничните модели е спроведен на 6 февруари во Грција, кога младите „уметници“ со боење и пополнување изработија макета за нивната страна, потоа на 9 февруари во ОУ „Гоце Делчев“ во Ресен и на 12 февруари во основното училиште во Долна Горица, во Албанија.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он

Силен земјотрес ноќеска ги вознемири граѓаните на Преспа

A1on

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он