Едноставно превкусни, со сладок вкус на ѓумбир и цимет …
Потребно е:
300 гр интегрално пченично брашно
130 гр шеќер
1 ванилин шеќер
3 лажици мед
130 гр путер
1 јајце
2 лажичиња ѓумбир во прав
2 лажичиња цимет
1 лажиче сода бикарбона
1 лажиче изрендана кора од лимон
прстофат сол
Подготовка:
– Во еден сад ставете ги путерот, шеќерот и ванилиниот шеќер и изматете ги пенесто.
– Додадете го јајцето, а потоа и медот и изренданата кора од лимон.
– Во друг сад измешајте ги брашното, ѓумбирот, циметот, содата и солта. Оваа мешавина додадете ја во горната смеса и со раце замесете тесто.
– Тестото замотајте го во пластична фолија и ставете го да стои во фрижидер околу 1 час.
– Обликувајте топчиња од смесата со големина на орев и наредете ги во тава обложена со хартија за печење.
– Секое топче полека притиснете го со рака.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 170 целзиусови степени околу 12 минути.