„Македонија вселува – 50 луѓе во 40м2″ – проект на властите во држата со кој се вршела интервенција во избирачкиот список, за чие извршување незаконски се здружувале министри, судии, вработени во администрациајта и други функционери.
Денеска, педесетина активисти од различни организации, во импровизиран стан од 40 метри квадратни, поставен во непосредна близина на улицата „Максим Горки“, што еден гласач од Пустец, ја нарече „Максим Ѓорѓија“ покажаа како изгледа кога 50 луѓе ќе влезат во стан од 40 квадрати, како што се откри за време на локалните избори во 2013 година и на парламентарните избори во 2014, кога жители на Пустец имаа добиено лични карти за гласање, најмногу во општина Центар, но и во други општини и градови. ова беше обелоденето во прислушуваните разговори што ги објави опозицијата, власта ги вселувала и ги принудувала луѓето послушно да гласаат на избори, секаде како што ќе се појавела потреба за тоа.
-Овој проект е навреда за здравиот разум на целиот македонски народ, како и омаловажување на граѓаните на Пустец. Во време, кога Македонија масовно се иселува, владата вселува 50 луѓе во 40 квадрати. За овој проект здружени повеќе министри, вршители на јавни функции, судии, вработени во администрацијата и ова е јајдолен чин на пораз на македонската демократија, рече Ирена Стеријовска.
Граѓанскта акција „Заслужуваме подобро!” на Сквер Јадран одржува перформанс за да покаже дека е невозможно по толку луѓе да се пријавени на иста адреса.
– За жал ова не е единствен пример каде што се вселуваа 50 луѓе во 40 метри квадратни, има повеќе примери за тоа, како најтипични би ги посочил оние каде има регистрирано 150 „човечиња“ во 80 метри квадратни, 100 „човечиња“ во 60 метри квадратни. Освен што ги вселувале, власта овие луѓе ги принудувала да гласаат и тоа на различни места, каде што имале потреба за тоа. Оваа слика,што ја видовте денеска е причина повеќе да не се дозволи да се организираат избори на 24 април, пред да се направи темелна проверка на избирачкиот список и да се извршат сите рефроми кои се потпишани со договорот од Пржино. Се мешаме во политика, зашто заслужуваме подобро, рече Драган Додевски.
Со оваа акција, се испраќа и силна порака до СЈО да издржи во разоткривање на криминалот како и до Кривичниот суд да не ги носи одлуките под политички притисок.