Фотографии на возачот, кој во петокот вечерта се обидуваше да ја пресече колоната , во која беше претседателот Томислав Николиќ , се во рацете на полицијата, пренесе “Новости”.
Извори на весникот велат дека две слики се симнати од камерите на патарината кај Бубањ Поток и кај исклучувањето за Смедерево, на автопатот Белград – Ниш. Тие во моментов се “чистат “, со цел да се утврди идентитетот на возачот.
Потврдено е дека возилото, што го предизвика инцидентот, припаѓа на сообраќајната полиција, но го користи генералот Драгиша Симиќ.
Од доставените фотографии кои се со лош квалитет, но не е јасно дали е во петокот вечерта зад воланот бил неговиот возач Саша Пејовиќ, или генералот, но во Министерството за внатрешни работи велат дека наскоро ќе бидат расчистени дилемите.
Истрага спроведува и Дирекцијата на полицијата, бидејќи тоа не само сообраќаен прекршок, туку и закана за безбедноста на важен владин претставник. На генералот Драгиша Симиќ, и на неговиот возач, им беше наредено да напишат во детали што се случувало на автопатот.
Во Претседателството на Србија велат дека не биле известени за истрагата.
Драмата на автопатот се случи т во петокот вечер, кога џипот на Сообраќајна полиција тргна накај конвојот во којј беше претседател Николиќ, кој беше на чело на Крагуевац. “Натрапникот ” во неколку наврати се обиде да ја “пресече” придружбата , и во еден момент, телохранителите на претседателот го репетираа нивното оружје. За среќа, сериозни последици се избегнати , бидејќи џипот се сврте кон Смедерево.