Авион кој синоќа полета од Лондон за Њујорк се врати на лондонскиот аеродром Хитроу откако кон пилотската кабина бил насочен ласер.
Авиокомпанијатра „Вирџин Атлантик“ соопшти дека авионот се вратил откако копилотот пријавил дека не се чувствува добро откако ласер бил насочен кон кабината.
За инцидентот била известена британската полиција, но се уште никој не е уапсен.