СДСМ: Криминалот и корупцијата на власта во заминување на штета на здравјето на граѓаните  

Од:

„Граѓаните во Македонија во континуитет дишат загаден воздух, полн со канцерогени ПМ10 честички, штетен по нивното здравје.
 
Податоците од мерните станици покажуваат загадување на воздухот и во вечерните и во утринските часови.
 
Според последните податоци, загадувањето на воздухот во Скопје како и вчера изнесува речиси 5 пати над дозволената граница, во Велес 7 пати, додека воздухот во Тетово и Кочани изнесува 4, односно 2 пати повеќе ПМ10 канцерогени честички од дозволеното.
 
И покрај реакциите од граѓаните на цела Македонија, ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за намалување на загаденоста на воздухот, додека пак медиумските курири го кријат овој сериозен проблем штитејќи ги нивните криминални фамилијарно-тендерски политики.
 
Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ потрошија 630 милиони евра за споменици, а граѓаните на Македонија дишат загаден воздух полн со опасни, канцерогени честички.
 
Наместо за полнење на џебовите на фамилијата, парите можеше да се инвестираат во заштита на животната средина за граѓаните на Македонија да не дишат загаден воздух.
 
Криминалните политики на Никола Груевски им одземаа 10 години живот на граѓаните.
  
Кога СДСМ ќе ја превземе одговорноста, ќе го сопре криминалот и корупцијата и граѓаните во Македонија, конечно, после долги години повторно ќе дишат чист воздух“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ