Словенија ќе реагира согласно намерата на Австрија да го ограничи бројот на бегалци и наскоро ќе воспостави ист систем на својата граница со Хрватска, изјави денеска словенечкиот премиер Миро Церар.
– Нема само да седиме и гледаме, изјави Церар за словенечката агенција СТА. Според него, потегот на Австрија значи дека и Словенија ќе мора да ја зајакне контролата во наредните недели и месеци.
Сепак, тој оцени дека Австрија нема да мора строго да го ограничува бројот на бегалци доколку биде постигнат договор за ограничување на приливот јужно од Словенија.
– Тоа е целта на потрагата по заедничко решение: да се сочува шенгенот и воздржување од предизвикување економска штета во односите меѓу земјите, изјави Церар.