Водечките британски ресторани одлучија да ги укинат долгите менија и да ги ограничат своите гости со изборот на јадење, а се со цел да се намали фрлањето вишок храна и на нивните готвачи да им се даде поголема креативна слобода.
– Ние така одлучивме, изајви Мајкл Џонсон, главен готвач во ресторанот „Хедон“ во западен Лондон.
Минатото лето, 49-годишниот Швеѓанец одлучи мениото да го исфрли од употреба по четиригодишното следење на вкусот на своите гости.
– Се повеќе редовни гости не сакаат да гледаат мени, туку очекуваат моја лична препорака, рече Џонсон .
„Хедон“ доби Мишелинова ѕвезда во 2012 година, една година по отворањето и од 2013 година се наоѓа на списокот на 50 најдобри ресторани во светот.
– Некои сакаат да ги изненадиме, други не знаат што да нарачаат, забележал Џонсон, кој сега одлучува што посетителите ќе јадат иако секогаш ги прашуваат гостите при резервација за нивните желби.
– Од личен агол, многу инересно е да се работи на овој начин. Ни два дена ни се исти, истакна Џонсон.
Тој ги користи расположливите намирници за подготовка на седум до десет јадења секоја вечера и тоа, оние кои бараат висок квалитет и ретки состојки.
– Доколку имаме гргеч на мени, кое се менува на два месеци, тогаш невозможно е да се понуди исклучителен гргеч секој ден. Вака ако не можам да најдам гргеч, ќе бидам среќен да подготвам ромб риба ли некој друг вид. Можам, на пример, за една маса да сервирам шљука, за друг зајак, затоа што немам доволно за сите, објасни Џонсон.
Втора предност од укинувањето на мени е намалување на фрлањето храна, затоа што е потребно помалку намирници да се складираат.
– Ние ја согледавме разликата, особено кога се во прашање морските плодови и печива, кои сега можат да се подготват во последен момент, рече готвачот.
Ресторанот „Хедон“ е пример на еден тренд кој зема замав, а се во согласност со интересот на гостите да се изненадат со понуденото јадење затоа што за ресторанот се дознаваат на социјалните мрежи.
Новиот тренд е забележан и во Франција и Њујорк, и овозможува и поголема слобода на готвачите да експериментираат со намирницие кои ги имаат. Ограничувањето на бројот на јадења во понудата ги следат и лондонските ресторани „Араки“ и „Хибискус“ кои имаат по две Мишелинови ѕвезди, но и „The Checkers“ во Монтгомери (Велс).