Крвавo црвени солзи се пролеаа од очите на Богородица на чудотворната бугарска икона за бугарскиот патријарх Максим. Господ испратил и друг знак за смртта на Неговата Светост-беснеење на ураган точно во 3:30 часот во ноќта кога починал. Чудото го објавија претседателот на Управниот одбор на балканското-Атонско здружение, Андреј Кристов и секретарот Валентин Тодоров.
“За балканското Атонско здружение денес стана јасно чудото – појавата на крваво-црвените солзи на ликот на Богородица на чудотворната бугарска икона на 27 октомври 2012 година и чудното прочистување на ликот на Пресвета Богородица на 6 ноември 2012 година”, се вели во обраќањето на балканско-Атонскиѓото здружение. Според нив датумот на смртта на Неговата Светост е датум на новиот живот на патријархот на небеското царство заедно до Пресветата Дева.
“Ќе поминат години, децении, можеби и векови и Православието ќе го добие Свети Максим Патријархот Бугарски, заедно со Свети Максим Исповедник и Свети Максим Грк”, се вели во обраќањето.
Како Божји знак за смртта на патријархот свештениците од цела Бугарија посочија на ненадејниот ураган токму во времето кога дедо Максим почнала да го напушта душата во државната болница. Стихијата траела час и половина и стивнала во минутитите кога Неговата Светост починал.
Бура се појавила и во родното село на патријархот.