Полска сака да се реши миграциската криза, но не ги прифаќа квотите

Од:

Полска сака да игра активна улога во решавањето на миграциската криза во Европа, но не ги прифаќа квотите, изјави денеска полската премиерката Беата Шидло во Берлин.

– За Полска, перманентните квоти за мигрантите не се прифатливи и ние сакаме да разговараме во врска со тоа. Полска сака да биде активна членка на ЕУ во решавањето на овој проблем, нагласи Шидло на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел.

– Предложив да започнеме заеднички хуманитарен проект и германската канцеларката го прифати предлогот, додаде Шидло, пренесува Танјуг.

Што се однесува на Велика Британија, Меркел рече дека Полска и Германија сакаат земјата да остане членка на ЕУ и дека ќе направат се за да се постигне компромис со премиерот Дејвид Камерон.

– Се сложуваме дека сакаме да направиме се да и овозможиме на Британија да остане во ЕУ, изјави Меркел.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата