Папата Франциско: Русија и Кина ги носам во срцето

Од:

Поглаварот на Римокатоличката црква,  папата Франциско, кој се наоѓа на пат за Куба каде ќе се состане со рускиот патријарх Кирил, изјави денеска дека во своето срце ги носи Русија и Кина.

Папата Франциско направи голем чекор кон унапредувањето на односите со Руската православна црква со состанокот со патријархот Кирил, а сега се поставува прашањето кога ќе ја посети Русија, оценуваат медиумите.

Тоа и всушност го прашаа новинарите во авионот.

– „Кина и Русија ги имам овде“, рекол папата покажувајќи со раката кон срцето, пренесува Танјуг.

Авионот од компанијата „Алталија“ со папата и неговата придружба тргна утрово од аеродромот во Рим.

Се очекува дека папата Франциско и патријархот Кирил ќе поминат околу два часа во приватен разговор на аеродромот „Хосе Марти“ во Хавана.

Тоа ќе биде прв состанок меѓу поглавар на Римокатоличката и најголемата православна црква уште од Големиот раскол во 1054 година, кој ги обликуваше модерната Европа и Блискиот Исток.

По Хавана, папата ќе го посети Мексико, и во Рим ќе се врати на 18 февруари.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска