Ликовни дела од колонијата „Карпино 2015“ во Виница

Од:

Во Ликовниот салон на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница денеска е отворена ликовна изложба на дела од меѓународната ликовна колонија „Карпино 2015“ од Куманово.

На отворањето присуствуваше и уметничкиот раководител на колонијата Мирослав Величковски, кој зборуваше за значењето на колонијата и учеството на ликовни уметници од странство.

– Досега на колонијата „Карпино“ учествуваа 150 уметници од Македонија но и од речиси сите балкански држави и пошироко од Европа,кои оставија ликовни дела кои се во трајна вредност на Колонијата.На минатогодишната колонија учествуваа уметници од Македонија Бугарија,Србија и Унгарија. .Во Виница се изложени 30 дела работени во повеке видови техники,истакна Величковски.

Според Славко Данев, директор на Домот на културата  со оваа изложба започнува  ликовната сезона во Домот и општината. Според Данев се очекува во Виница да гостуваат и неколку реномирани ликовни уметници од Македонија како и ликовен уметник од Монголија.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска