Жерновски: „Човечињата“ од Пустец ќе му пресудат на ВМРО и Груевски

Од:

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски се огласи по прес конференцијата на СЈО Катица Јанева и нејзиниот тим , информацијата за акцијата „Титаник“ апсењето на Едмонд Темелко и барањето притвор за 8 лица за изборни измами, злосторничко здружување и уништување изборен материјал.

Еве што напиша Жерновски.

andrejstatus

ТИТАНИК ТОНЕ !!!

СЈО објави дека сантата мраз, во која удри Груевски, е токму изборниот криминал во Центар. „Кривичните дела против гласањето, се почеток на криминализацијата на државата“ – рече Јанева. Не би можел повеќе да се согласам со ова. Телма веќе објави дека едниот уапсен во истрагата е Едмонд Темелко, градоначалникот на Пустец. Ова значи дека токму криминалот на изборите во Центар, со човечињата од Пустец ќе му пресудат на ВМРО и Груевски.

Ова е голема победа на правдата!

Од денес, Македонија почнува да се враќа на правата патека.

Би можело да ве интересира

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

МАЕИ: Не го признаваме пописот во Албанија, се појавија 7957 Бугари наспроти 2281 Македонци

Предраг Петровиќ

Откриена биста на Гоце Делчев во Пустец

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Во финална фаза подготовките за поставување бистата на Гоце Делчев во центарот на Пустец

Катерина Ѓуровски

Стерјовски: Бугарија донира за Пустец во замена на нашата македонска националност