Три работници се исчезнати, а девет се повредени вчера по серија експлозии во складиштето за застарена муниција во источниот дел на Бугарија, изјави министерот за внатрешни работи Цветан Цветанов.
„Потрагата по трите работници во работилницата каде што експлодира првата експлозија не покажа резултати“, рече министерот Цветанов и додаде дека експлозијата направила 4 метри длабока дупка, а од работилницата не останала ништо.
Од останатите 21 работници кои биле присутни на местото, пронајдени се 18, а 9 од нив се хоспитализирани.
Несреќата се случила попландето додека приватна фирма ја рециклирала застарена муниција. Магацинот се наоѓа во близина на градот Лозанец, на главниот пат помеѓу Софија и Црно море.
Две гранати паднале во едно од блиските села и заради безбедноста околу 600 локални жители биле евакуирани.
Причината за експлозијата се уште не е откриена.