Заменик претедателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска на гостувањето после 8 години во Канал5 присуствуваше на уште едно напнато интервју со прашања кои потсетуваа на речникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Меѓу првите тоа за бонбона бизнисот. Да не заборавиме дека бонбона бизнисот е тоа по што сте препознатливи и продажбата на ЕВН, рече Богатинова.
Со оглед дека сте уредник, знате ли за што е употребен изразот “бонбона бизнис? Тоа е од дебатна емисија за приватизацијата за ОКТА каде улога имаше Никола Груевски. Кога ги читате белешките, читајте ги добро, одговори Шекеринска.
Богатинова отиде до таму што постави и вакво прашање.
Поминавте долги години со Бранко Црвенковски, Хари Костов, Бучковски. Бевте единствена жена премиер, кога беа најголеми предзвиците. Имавте ли проблеми, сепак е машки свет политиката.
Шекеринска одговори дека машки или женски, поранешниот премиер Груевски никогаш не прифаќал ниту со маж ниту со жена да излезе на дуел.
Еве ако постои човек со долг стаж тогаш е тоа Никола Груевски, цели 14 години е премиер или министер.
Од временска дистанца како е?
Од временска дистанца е што станавме земја кандидат во мое време и десет години не сме мрднале од таа позиција.
Забележав на едно од прашањата на последното интервју со Никола Груевски 7 минути немавте храброст да му се вмешате во одговорот. Ако поставувате прашање тогаш ќе дадете и шанса за одговори.
Бевте во Брисел со Милошоски во Брисел, редовно комуницирате?
Верувам кога уредник ќе се подготвувате за интервју ќе проверите податоци. Оваа држава во три години, од земја во војна стана прва земја кандидат за ЕУ после Хрватска, еден чекор не направи новата влада и дел од причините е катастрофална состојба во медиумите, која не се обидувате да ја поправите. Поправете ме ако грешам. Вашата телевизија има 2 часа позитивни за ВМРО-ДПМНЕ последнава недела, а 2 минути неутрални за СДСМ, час и половина негативни вести за СДСМ. Не знам дали милионите кои ги добивате се доволни да се покрие овој срам. Затоа опозицијата е забранета на овие медиуми.
Вие ја браните власта, а кога ќе се појавиме како опозиција на вестите е како светско чудо.
Ние сме ве канеле, но ме одбивавте, рече Богатинова.
Кога мене сте ме поканиле а не сум дошла? Престанете со манипулации, рече Шекеринска.
Ве поканив пролетта преку портпаролот.
Во дваесет дена една секунда не сте дале критична вест за ВМРО-ДПМНЕ, кажете сега дали поради тоа само во 2015 година милионите евра сте ги добиле? Еве ОБСЕ што вика, Канал5, 46 проценти од времето го посветува на ВМРО-ДПМНЕ со позитивен тон, 35 проценти негативни вести за СДСМ.
Богатинова кажа дека не се релеванти тие податоци.
ОБСЕ не е релевантен?
Не, одговори Богатинова.
Вие може сами сте си ги напишале бројките Шекеринска.
Почнавте да одите на терен и гледаме дека зборувате за укинување на евтината струја и радиодифузната такса. Како мислите да ја укинете евтината струја, праша Богатинова.
-Евтината да ја укинеме??
Не, дека ќе ја вратите, рече Богатинова.
Е па тоа има разлика.
Вие очигледно не сте плаќале сметки за струја, има евтина и скапа тарифа за струја. Нема да увезуваме 80 милиони евра од струја која се плаќа десет пати поскапа струја од која овде заработуваат, и заради таа струја Македонија плаќа поскапо. Регулативатата може да се промени и врати дека граѓаните ќе можат во одредени ласови да користат евтина тарифа. Прочитајте ги законите, ценатата не ја поставува ЕВН, цената ја корегира и усвојува регулатор, кој регулира врз основа на цени, нема да бараме да ги менуваат фасадите ЕВН, ЕЛЕМ и МЕПСО во барок, како сега и да се плаќаат огромни суми.
Но затоа вие ќе станете популиста, 20 години сте елитист, рече Богатинова.
Како тоа сум ја елитист? Со тоа што не сум барала мерцедес од 600.000 евра со масажери како Никола Груевски?
Мене ме прашувате дали одиме на терен, ништо не пуштате од терен од опозицијата, што пуштивте денеска?
Се пуштивме.
-Не ништо не пуштивте, цели 15 минути зборувате за Груевски, одговори Шекеринска а Богатинова сакаше да го заврши интервјуто и постави прашање за крај.
Како за крај? Сакате да завршите пред да дојде Стојменов?
Синоќа Јанева била кај Заев повикана и и рекол да почне со ударот на ВМРО-ДПМНЕ. Дали ова го знаете или е шпекулација?
-Ако имате огледало, ви се одушевувам како можете да се гледате во него. Денеска гледав 15 минути и се чудев на сите лаги во вестите. Тоа одговорно тврдам дека не е точно, и вие и ВМРО-ДППМНЕ ја дочека Јанева со аплаузи. Катица Јанева беше со консензус избрана во Собрание, Груевски мисли дека се може да контролира, и кога го губи тлото под нозете ги претвора сите во државни непријатели. Злосторство е ова кај вас што се случува. Нашите професии треба да носат углед, вие не поставивте ниту едно прашање кое се однесува на суштинска политика. Ова покажува дека не сте спремни да се отворите кон опозицијата, возврати Шекеринска.
Дали овие средства ги добивате од буџетот или од куферите на ВМРО-ДМНЕ, ја праша таа Богатинова.
Заменик претседателот на СДСМ пред да заврши интервјуто се заблагодари на сите што влијаеле да може да се појави на вестите на телевизијата. Водителката, на крајот од вестите кажа дека гостинката им го одзела времето.