Премиерата на „Тесла 3“ закажана за 31 март, моделот ќе чини 35.000 долари

Од:

Иако медиумите пренесоа дека „Тесла 3“ на почетокот нема да биде нималку евтин модел и дека на првите купувачи ќе им биде понудена поскапата верзија со побогат пакет, Илон Маск ја демантира оваа вест и потврди дека цената ќе  изнесува 35.000 долари.

Најавен како „пристапен луксузен електричен автомобил“, новиот модел на „Тесла“, сепак, од самиот почеток ќе има претходно утврдена цена, при што купувачите во САД ќе можат да сметаат на дополнитечно намалување на цената  благодарение на државните субвенции за возила со нулта емисија.

Маск на Твитер напиша дека заинтересираните ќе можат да резервираат свој примерок во продажните салони на „Тесла Моторс“ ширум светот веќе од 31 март (со дополнитечен попуст од 1.000 долари), а од 1  април ќе се примаат и онлајн порачки.

Моделот „Тесла 3“ е третиот автомобил во актуелната гама на „Тесла Моторс“, а Маск изјави дека тој ќе биде помалку комплексен за производство во споредба со моделима „С“ и „Х“.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ