Меркел: Потребни се сите можни напори за мир во Сирија

Од:

За да се обезбеди мирот во Сирија мораат да бидат вложени сите напори, вклучувајќи го тука  и денешниот состанок на министрите за надворешни  работи во Минхен, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Меркел, како што пренесува Танјуг, ова го кажа на прес-конференцијата по состанокот со ирачкиот премиер Хајдер Абади.

– Меѓународните околности околу Ирак се многу комплицирани и затоа се согласивме дека е неопходно да се вложат сите напори, еве да кажеме денеска во Минхен да разговараме за иднината на Сирија и да придонесеме за мирот во регионот, изјави германската канцеларка.
Министрите за надворешни работи на 17 земји членки на Контакт групата за Сирија ќе се соберат во Минхен во намерата да го почнат сирискиот мировен процес, а домаќини на состанокот се американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Сирискиот мировен процес е на работ на крахирање, додека на Европа и се заканува уште еден огромен прилив на бегалци бидејќи десетици илјади Сиријци се наоѓаат на турската граница, северно од Алепо, каде, како наведуваат набљудувачите, од 1 февруари, кога почна бомбардирањето, убиени се најмалку 500 лица, наведуваат француските медиуми.

Русија предложи примирјето во Сирија да стапи во сила на 1 март, наведоа вчера американски официјални претставници, но Вашингтон верува дека Москва со тоа себе си и на сириската Влада си дава уште три недели во обидот да ги уништат умерените бунтовнички групи.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ