Агенцијата за медиуми го осуди однесувањето на Латас

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува непочитувањето на професионалните новинарски принципи и стандарди од страна на одговорниот уредник на ТВ Сител Драган Павловиќ Латас при гостувањето на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев во „Дневникот“ од 19 часот на 10 февруари 2016 година.

„Наместо интервју во кое различните гледишта и мислења ќе добијат еднаков третман со што публиката ќе може слободно да оформи сопствено мислење за актуелните општествено – политички теми – гледачите видоа непримерен начин на комуникација, кавга и навреди.

Без каква било професионална дистанца, без почитување на достоинството на соговорникот и на низа други личности споменати во разговорот, наместо интервју реализирано според правилата за овој новинарски жанр, гледачите беа сведоци на комплетно отсуство на култура на говорот и неетичност.

Имајќи предвид дека почитувањето на новинарските стандарди е предмет на саморегулација, Агенцијата ги повикува Советот за етика во медиумите на Македонија и новинарските здруженија да ги преземат мерките што им стојат на располагање.

Агенцијата уште еднаш ги потсетува радиодифузерите на соопштението со кое пред само неколку дена ги повика да ги почитуваат професионалните стандарди коишто се основа за вршење на новинарската професија.“, стои во соопштението на Агенцијата.

Би можело да ве интересира

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни

ВИДЕО: Латас и Лазаров пред судија – се одложи судењето за сексот во фиќо

А1он

Судот донесе решение: Латас остана без пасош, а нему и на Лазаров им е ограничен јавниот настап

А1он

Освен обинение, ОЈО бара на Латас да му се одземе пасошот, а тој и Лазаров не смеат да имаат јавни настапи

Горан Наумовски