Изложбата „Балканот-споделено културно наследство“ синоќа беше отворена во МАНУ. Автор на изложбата е познатиот бугарски фотограф Иво Хаџимишев.
На изложбата е претставено богатото културно–историско наследство на Балканот. Фотографиите ги претставуваат знаменитостите, археолошки објекти и предмети од уметноста од 11 балкански држави – Бугарија, Албанија, Романија, Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција, Грција, Црна Гора, Словенија. Текстовите на делот „Античност“ се на професорот Иван Маразов.
Скопје е втор главен град во светот домаќин на изложбата, по Париз-УНЕСКО. Таму изложбата беше отворена во март 2015 година од генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова. По Скопје, изложбата ќе патува за Санкт Петербург.