ФСП: ВМРО-ДПМНЕ јавно да се огради од изјавите на Латас

Од:

Форумот на слободоумни патриоти го осудува говорот на омраза на главниот и одговорен уредник на ТВ Сител и еден од главните владини мегафони. Во никој случај новинар со толку години стаж не смее да каже дека направил гаф навредувајќи еден цел етникум кој живее на овие простори, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

Се надеваме дека Агенцијата за аудио визуелни уметности веднаш да го санкционира ваквото недолично однесување, со што ќе покаже барем минимум независност, професионален однос и ќе го оправда своето постоење.

Форумот на слободоумни патриоти го повикува раководството на ВМРО-ДПМНЕ јавно да се огради и да го осуди овој настап на главниот и одговорен уредник на ТВ Сител. Време е да се откажете од ваквите ситни профитери, луѓе без вистински вредности, кои само нанесуваат штета. Сакаме да ви укажеме дека токму главниот и одговорен уредник на ТВ Сител во минатото, во служба на СДСМ и како што милува да каже неговиот пријател Бранко Црвенковски не штедеше зборови да напаѓа и блати, како и да ја сатанизира ВМРО ДПМНЕ поистоветувајќи го делувањето на партијата со настаните од Вартоломејската ноќ. Ако вие сте заборавиле, ние ги памтиме неговите настапи, како и неговиот настап во очи на предизборниот молк во 1998 година.

Сакаме да го потсетиме раководството на ВМРО ДПМНЕ дека ВМРО како организација, како идеологија секогаш била со својот народ, без разлика на верската и етничката припадност, што јасно може да се види како од делувањето на организацијата така и од Крушевскиот манифест. Итно е потребно партијата да ја вратите на вистинскиот пат, почитувајќи ги вредностите на кои почива дејствувањето на историското ВМРО и ВМРО ДПМНЕ како негов наследник, соопштуваат од ФСП.

Би можело да ве интересира

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни

ВИДЕО: Латас и Лазаров пред судија – се одложи судењето за сексот во фиќо

А1он

Судот донесе решение: Латас остана без пасош, а нему и на Лазаров им е ограничен јавниот настап

А1он

Освен обинение, ОЈО бара на Латас да му се одземе пасошот, а тој и Лазаров не смеат да имаат јавни настапи

Горан Наумовски