Германските власти уапсија осомничени за фрлена бомба врз дом за бегалци

Од:

 Четири лица се уапсени во јужна Германија поради инцидентот во кој рачна граната беше фрлена врз дом во кој престојувале бегалци, јави дописникот на МИА од Берлин. 

Според истражителите, причина за нападот не била ксенофобија кон бегалците туку пресметка меѓу ривалски компании за обезбедување во која цел на нападот биле членови на обезбедувањето, а не бегалците.

Во полициското соопштение се вели дека причина за инцидентот би можел да биде конфликтот што постои меѓу фирмите за обезбедување во регионот Шварцвалд – Баар.

Напаѓачите во инцидентот, што се случил минатиот месец, фрлиле рачна граната М26 произведена во поранешна Југославија која што не експлодирала. Полицијата не го открива идентитетот на напаѓачите кои што се економски мигранти од Источна Европа.

Вкупно над 800 напади врз домови за бегалци од кои 222 обиди за подметнување пожар се случиле минатата година во Германија. Најголем дел од нападите се случиле во Јужна Германија каде што е најголем бројот на бегалци. Според невладиниот сектор чиста среќа е што досега во нападите предизвикани најчесто од неонацистички или екстремни десничарски групи немало загинати.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ