СДСМ: Грубо се кршат работничките права во конфекциската и во чевларската индустрија во Крива Паланка

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски по којзнае кој пат толерираат грубо кршење на работничките права во конфекциската и во чевларската индустрија во Крива Паланка, велат од општинскиот СДСМ и повика веднаш да се стави крај на злоупотребата на работничкиот труд и кршењето на работничките права.

– Граѓаните очекуваат одговорност и одговори. Зошто не реагираат трудовите инспектори? Шеесетина вработени во „Симбол 2“ во Крива Паланка, штрајкуваат веќе 20 дена за неисплатени три плати, а од претпоставените и надлежните нема никаков одговор. Бараме од надлежниот трудов инспекторат веднаш да излезе на терен не само во оваа туку и во останатите погони од текстилната и чевларската индустрија во Крива Паланка и да обезбеди почитување на 8 часовно работно време на ден, исплата на загарантираната минимална плата во овој сектор, а не мизерни 6.000-8.000 денари, право за користење на годишен одмор и регрес за годишен одмор. Дополнително, Централниот регистар на Македонија да излезе со список на фирми кои најчесто вршат пререгистрација, а од Министерството за економија црна листа на сопственици и фирми кои се затворени под сомнителни околности и со неподмирени давачки кон вработени и доверители – рече Борјанчо Мицевски, претседател на ОО СДСМ Крива Паланка

Тој рече дека поради криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е во друштво на најбедните земји во светот како Венецуела, Уругвај, Молдавија, Украина. Македонија е петта земја по мизерија и беда во Европа.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа